Најавуваните примени со воведување различни тарифи за домаќинствата во зависност од потрошувачката на електрична енергија се воведуваат од 1 јули.
Се прават калкулации за воведување нова методологија, за утврдување на цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, кои се на регулираниот пазар на електрична енергија, што се менува од 1 јули, со тоа што ефектите ќе бидат дополнително утврдени.
Оние што ги злоупотребиле броилата за домаќинствата за вршење некакви активности или злоупотреба на електричната енергија на пример, за копање криптовалути, ќе плаќаат повисока цена во согласност со потрошувачката и со тоа енергијата што ја добиваат нема да може да биде субвенционирана од државата или да биде дел од пресметката од цената што ја плаќаат сите граѓани.
Граѓаните со ниски примања ќе продолжат да добиваат меѓу 600 и 800 денари месечно за покривање на трошоците за електрична енергија.
Пензионерите, пак, ќе добијат ново зголемување на пензиите во септември.
Во оваа реформа посебен акцент ќе се стави на редовното читање на броилата на потрошувачите за потрошувачите да бидат соодветно распределени во блок тарифите. Новиот модел, кој ќе биде изработен и врз база на искуствата од другите земји каде што се користи, ќе биде димензиониран максимално да ги заштити потрошувачите со просечна потрошувачка – за нив ќе биде обезбедена пониска цена во однос на другите тарифи. Потрошувачите што користат енормно поголеми количества електрична енергија ќе плаќаат реална цена.
извор: novamakedonija.com.mk