Еве кои документи се потребни:
Потврда дека детето ги примило сите задолжителни вакцини, потврда за офталмолошки преглед издаден од јавна здравствена установа, Извод од матична книга на родени, како и потврда за извршен стоматолошки преглед… се документите што ќе им бидат потребни годинава на родителите за да можат да ги запишат своите деца-првачиња на училиште.
Уписите почнуваат на 3 мај, согласно Законот за основно образование, но тие можат да продолжат и потоа со оглед на тоа што има родители и деца кои поради какви било оправдани причини, немаат можност да го остварат правото на образование во тој период.
Оваа година, покрај доставување документи со физичко присуство, има опција и за онлајн-пријавување, кое ќе почне од 1 мај, а ќе се одвива преку порталот uslugi.gov.mk.
Во однос на документацијата, родителот е должен да достави (или да прикачи, доколку го пријавува детето електронски) потврда за примените задолжителни вакцини и потврди од офталмолошки и стоматолошки преглед издадени од јавна здравствена установа. При електронски упис не е потребна достава на Извод од матичната книга на родените, со оглед на тоа што податоците врз основа на единствениот матичен број на детето се црпат системски и автоматски од Националниот регистар на население, информираат од Министерството за образование и наука.
извор: skopjeinfo.mk