Новозеландската компанија Perpetual Guardian стана позната во светската јавност по својот невообичаен експеримент воведувајќи скратено неделно работно време со само 4 работни денови.
Во текот на месеците март и април, сите 240 вработени во Perpetual Guardian на работа доаѓаа само 4 пати неделно со што работното време од 40 часа се намали на 32.
Нивната плата остана непроменета, но затоа нивото на среќа и продуктивност драстично се зголеми така што менаџментот на компанија размислува оваа пробна мерка да стане перманентна.
Вработените станале покреативни, нивниот перформанс бил подобар, не доцнеле на работа, ниту пак заминувале порано и нивните паузи не биле многу долги.
Perpetual Guardian објави и видео кога извршиниот директор на компанијата Ендру Барнс им ја соопштува убавата вест на своите вработени дека во следните два месеци ќе имаат на располагање по еден ден плус секоја недела. Нивната реакција ќе ве остави без зборови!
И други компании кои експериментирале со скратено неделно работно време ги добиле истите резултати
Perpetual Guardian не е првата компанија која се одлучи на ваков чекор.
Во минатото, Амазон направи експеримент со кој работното време на вработените се намали на 30 работни часови во неделата, а нивните плати беа пониски за 25% притоа уживајќи ги сите дополнителни бенефиции како претходно.
Исто така, технолошката компанија Treehouse работи со скратено време од 32 часа од 2006 година.
Што велат истражувањата?
Да, постои наука позади сите овие промени. Психологот Андерс Ериксон за Business Insider вели дека луѓето можат да работат со полна концентрација само 4 до 5 часови.
Македонија
Иако во Македонија се’ уште нема компанија која официјално за сите свои вработени има воведено скратено работно време постојат индивидуални примери кога компаниите за одредени работни позиции им нудат на кандидатите работа од 7 или 6 часови дневно.