Од утре, 1 мај, во Словенија престануваат да важат регулираните цени на нафтените деривати, па се очекува нивен значителен пораст на почетокот од следната недела.
Владата не одлучи да ја продолжи мерката со која од март највисоката малопродажна цена на бензинот од 95 октани беше фиксирана на 1,503 евро за литар, а на дизелот на 1,541 евро.
Властите оцениja дека регулирањето на цените на течните горива веќе ја одиграло својата улога во ублажувањето на цените и дека нема нарушувања на пазарот на деривати, но на уште три месеци ги продолжија намалените акцизи на енергенсите.
извор: info.mk