Продолжениот Првомајски викенд, кој годинава се поклопува со празникот Рамазан Бајрам, повторно го исполни Охридското крајбрежје.
Хотелските капацитети се исполнети повеќе од минатиот продолжен викенд за Велигденските празници.
Голема е исполнетоста и во приватното сместување. Единствена пречка е временската прогноза, и поради најавените дождови имале доста откажувања.
Голем дел од присутните на ривиерата се сместени во сопствени станови, кои ги користат за викендите да уживаат во убавините на охридско-струшкиот регион.
Раздвиженоста низ охридската чаршија поради облачното време и не е така голема, за разлика од соседна Струга, каде во голем број се вратени печалбарите за прослава на рамазанските празници.
извор: novamakedonija.com.mk