Во Германија, се свесни за нивната енергетска ранливост и во моментов работат на превенција со цел да се справат со предизвиците што е можно посилно. Ќе помине летото, а потоа ќе дојде зимата во која потрошувачката на енергија драстично ќе скокне.
Затоа, веќе повикуваат на штедење, а меѓу најгласните е германскиот автомобилски клуб ADAC, кој покрена акција со која ги повикува возачите буквално да ги тргнат нозете од педалата за гас. Идејата е да се користи помалку гориво, па затоа ADAC им кажува на своите возачи:
Целта е сосема јасна. Без разлика дали возите побавно и поретко или воопшто не возите, ова треба да ја намали потрошувачката на фосилни горива. Со помало трошење би се обиделе да создадат одредени резерви со кои ќе ја дочекаат зимата во повеќе или помалку подобра позиција.
„На нашата страница можете да најдете совети како да ја намалите потрошувачката на гориво. Сè на сè, само побавното возење може да ја намали потрошувачката до 20 проценти“, велат од германскиот авто клуб.
извор: kanal5.com.mk