![Во март намален бројот на работници во индустријата](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/d9/1d7fbe9d-resize-820x0x100.jpg)
Државниот завод за статистика објави дека бројот на работници во индустријата во март е намален за 1,5 проценти во споредба со март минатата година.
Според статистичките податоци, намалување има во секторите Рударство и вадење на камен од 3,7 проценти, Преработувачката индустрија за 1,4 проценти и во секторот Снабдување со електрична
енергија, гас, пареа и климатизација за 1,7 проценти.