Македонски државјани поседуваат вкупно 55 имоти во Дубаи, вредни 14 милиони евра, покажува норвешко истражување.
Во документите е наведен бројот на луксузни вили, станови и фирми во Дубаи. Податоците и табелата со бројот на сопственици на имоти во Дубаи од сите земји се објавени од Центарот за напредни одбранбени студии од САД и се однесуваат на 2020 година.
Не е невообичаено, ниту незаконски странски државјани да поседуваат имот во Дубаи, но кога станува збор за „офшор“ инвестиции, тогаш работите се менуваат, се вели во извештајот. Според ова истражување, многу граѓани во светот купуваат имоти во Дубаи за да избегнат данок или да перат пари заработени на незаконски начин.
Во Дубаи се регистрирани 19 „офшор“ имоти со вкупна вредност од 7 милиони долари. Од соседните земји, Србија има најмногу имоти: вкупно 287. Тие се во сопственост на 237 сопственици, а вкупната вредност е 74 милиони евра.
извор: infomax.mk