Овен (21.03 – 20.04)
РАБОТА: Вие сте многу вредна личност. Но сепак не дозволувајте другите да го злоупотребат тоа.
ЉУБОВ: Полни сте со љубов и внимание. Саканото лице е среќно што ве има.
ЗДРАВЈЕ: Проверете го крвниот притисок.
Бик (21.04 – 21.05)
РАБОТА: Ве очекува значаен период. Внимавајте како ќе го потрошите.
ЉУБОВ: Ве очекува возбудлив период со партенерот. Пронајдете некој начин да го изненадите.
ЗДРАВЈЕ: Ви пречат високите температури, пијте доволно течности.
Близнаци (22.05 – 22.06)
РАБОТА: Ова е одлична недела за склопување на бизнис со странство или заминување во странство.
ЉУБОВ: Се чувствувате осамено. Не се грижите, следи многу возбудлив период во вашиот живот.
ЗДРАВЈЕ: Болки во зглобовите.
Рак (22.06 – 22.07)
РАБОТА: Сте преземале премногу обврски на себе, па се чувствувате како ништо да не можете да стигнете. Распределете ги задачите.
ЉУБОВ: Понекогаш сте премногу ладни, па не гледате колку ве сака партнерот. Избегнувајте го таквото однесување.
ЗДРАВЈЕ: Зајакнете го имунитетот.
Лав (23.07 – 22.08)
РАБОТА: Спроведете ги идеите во дела. Не чекајте подобро време бидејќи сега е моментот.
ЉУБОВ: Настапувате ладно и резервирано кон партнерот, без конкретна причина.
ЗДРАВЈЕ: Посетете стоматолог.
Девица (23.08 – 22.09)
РАБОТА: Имате голема самодоверба, но умеете да претерате со докажувањето.
ЉУБОВ: Имате преголеми барања, а партнерот има чувство дека ништо нема да може да исполни.
ЗДРАВЈЕ: Вметнете некоја физичка активност во вашиот живот.
Вага (23.09 – 22.10)
РАБОТА: Спаѓате во лицата кои поседуваат неверојатна енергија и харизма. Искористете го тоа да ја подигнете атмосферата на работа.
ЉУБОВ: Тешко ви е да се отворите пред саканото лице. Заборавате дека тоа би можело да го подобри вашиот однос.
ЗДРАВЈЕ: Пронајдете начин за релаксација.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
РАБОТА: Колегите мислат дека не сте подготвени за дополнителна работа. Покажете им дека грешат.
ЉУБОВ: Слободните може да очекуваат интересно познанство.
ЗДРАВЈЕ: Лоша венска циркулација.
Стрелец (22.11 – 21.12)
РАБОТА: Ги имате сите можности да остварите голем успех. Вложете се максимално.
ЉУБОВ: Ви сте лесно заљубливи и од авантуристичка природа. Ви се чини дека никако не можете да ја пронајдете идеалната личност за вас.
ЗДРАВЈЕ: Чести промени на расположението.
Јарец (22.12 – 20.01)
РАБОТА: Имате чувство дека надредените премногу ве форсираат, а се плашите да им кажете што ви пречи.
ЉУБОВ: Уживајте во секој момент. Уживајте во љубовта без оглед колку е таа мала и кратка.
ЗДРАВЈЕ: Проверете го крвниот притисок.
Водолија (21.01 – 19.02)
РАБОТА: Имате премногу работа, но на тоа наскоро ќе му дојде крај. Ве очекува лесен период на работа.
ЉУБОВ: Чезнеете за љубов, но имате чувство дека тој сегмент стагнира. Љубовта ќе се случи кога најмалку очекувате.
ЗДРАВЈЕ: Можна е главоболка.
Риби (20.02 – 20.03)
РАБОТА: Многу ќе се бара од вас, немојте да одите преку своите можности само за да им удоволите на другите.
ЉУБОВ: Знаете да уживате само потребна ви е личност со иста енргија како вашата.
ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на притисокот.