Уште како момче со Даунов синдром тој се покажал одлично на работното место, а претпоставените го нарекуваат икона и најдобрата личност што некогаш била дел од компанијата.
50-годишниот Расел О’Грејди започнал да работи во McDonald's во Сиднеј во 1986, кога имал само 18 години.
Дури има и некои клиенти кои во текот на годините сакале само Расел да ги служи и сега, по 32 години во компанијата, тој ќе им недостига на сите.
Татко на Расел раскажа една емотивна ситуација со неговиот син: „Некој му кажа: „Дали си хендикепиран?“ и тој му одговори: „Бев кога одев на училиште, но сега работам во McDonald's“. Татко му вели дека луѓе го сопирале по улица за да му честитаат колку добар работник е.
Расел пред 2 години прослави 30 години работа во McDonald's, а сега иако обожава да работи, одлучи да се пензионира за доброто на своето здравје.
За среќа, и во Македонија сè повеќе компании почнуваат да вработуваат лица со Даунов синдром.
извор: crnobelo.com