Фабриката Брејнчајлд Продукција, лоцирана во Индустриската зона во Битола кај старата фабрика на Битолатекс, е новата инвестиција во градот.
Фабриката е основана од страна на германски инвеститори, чија цел е да постават еколошко производство, базирано на рециклирани и одржливи материјали, или материјали кои не се штетни за животната околина., со што се намалуваат емисиите на јаглерод. Поставувањето на високите стандарди за еколошка свесност, појаснија од Брејнчајлд Продукција, ќе значи и користење на обновливи извори на енергија.
Главен фокус во производството ќе бидат реквизити за спортови на вода, односно крила за „kite-surfing” и „wing-surfing”, но и други додатоци и аксесоари со водечки стандарди во однос на технологијата, квалитетот и ефикасноста. Се очекува фабриката да започне официјално со производство кон крајот на оваа календарска година.
извор: bitola.gov.mk