Светските цени на храната конечно бележат благ пад за месец април.
Светските цени на храната бележат благ пад во месец април за разлика од рекордното високо ниво минатиот месец, поттикнати од скромниот пад на цените на растителните масла и житарките, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).
Глобалниот индекс на цените на храната, пресметан од ФАО, во април изнесуваше во просек 158,5 поени, што е пад од 0,8 отсто од највисокото ниво во март, се вели во извештајот објавен на веб-страницата на ОН со седиште во Рим.
ФАО го ревидираше највисокиот индекс на цените на храната во март на 159,7 поени од првично објавените 159,3 поени.
Сепак, глобалните цени на храната во кошничка од пет прехранбени производи чии месечни промени ги следи ФАО, и понатаму се за 29,8 отсто повисоки од април 2021 година.
Во април цените на растителните масла на светските берзи паднаа за 5,7 отсто, што неутрализираше речиси една третина од нивниот раст забележан во март, бидејќи ограничувањето на побарувачката ги покачи цените на палминото, сончогледовото и маслото од соја.
Неизвесноста во поглед на достапниот извоз од Индонезија- која е водечки светски извозник на палмино масло, беше ограничувачки фактор за силниот пад на глобалните цени.
Малиот пад на цените е добредојдено олеснување, особено за земјите со ниски приходи кои се борат со недостиг на храна, но цените се сè уште блиску до неодамнешните највисоки нивоа, како одраз на постојано напнатиот пазар на понуда и побарувачка и предизвикувајќи ја глобалната безбедност на храна за најранливите. Изјави главниот економист на ФАО, Максимо Тореро Кален.
Глобалната цена на житарките се намали за 0,7 процентни поени минатиот месец, главно поттикнати од падот на светските цени на пченката од 3,0 отсто.
Оризот на глобалниот пазар во април во однос на март бил поскап за 2,3 отсто, поради силната побарувачка од Кина и Блискиот Исток.
Цената на шеќерот, исто така, забележака пораст за 3,3 отсто, поттикната од покачените цени на етанолот и загриженоста за доцнењето на почетокот на жетвата во 2022 година во Бразил, најголемиот светски извозник на шеќер.
Светските цени на месото се зголемија за 2,2 отсто на месечна основа во април, поставувајќи нов рекорд бидејќи цените на живината и говедското месо се зголемија. На цените на месото од живина влијаеше прекинот на извозот од Украина и ширењето на епидемијата на птичји грип на северната хемисфера. Спротивно на тоа, овчото месо стана малку поевтино.
Што се однесува до млечните производи, нивните цени пораснаа во просек за 0,9 отсто, поради постојаното недоволно глобално снабдување, бидејќи производството на млеко во Западна Европа и Океанија продолжи да се движи под нормалното сезонско ниво. Најмногу скокнаа светските цени на путерот, под влијание на зголемената побарувачка поврзана со моменталниот недостиг на сончогледово масло и маргарин.
Во посебен извештај за проценките на понудата и побарувачката на жито, ФАО малку ја намали проекцијата на светското производство на пченица во 2022 година на 782 милиони тони, од 784 милиони тони колку што беше предвидено минатиот месец.
Прогнозата беше намалена поради проценетото намалување на површините со жетва во Украина за 20 отсто и очекуваниот пад на производството во Мароко поради сушата во таа северноафриканска земја.