Најдобрата дестинација за зависниците од адреналин е Хрватска, а на листата се најдоа уште две земји од поранешна Југославија
Истражувањето на компанијата Superdry анализираше 99 земји во однос на голем број различни фактори, вклучувајќи пешачење, кампување, сурфање, качување, кајак и бројот на национални паркови во секоја земја. На крајот беше добиена конечната оценка за „Авантура на отворено“, а со тоа беа рангирани и најдобрите дестинации за оние кои сакаат активен одмор.
Хрватска е на врвот на листата како светска престолнина на авантуристички патувања. Со резултат од 81,4 од можни 100, оваа земја може да се пофали со прекрасни крајбрежја и бројни национални паркови, како и можности да уживате во кајак, качување по карпи и планинарење.
Од 20 дестинации за авантуристи, дури 15 се наоѓаат во Европа, така што може да се каже дека овој континент доминира.
Освен Хрватска, на листата се наоѓаат уште две земји од регионот - Црна Гора на 13-то место и Словенија на 16-то место.
Целата листа изгледа вака:
1. Хрватска - 81,6
2. Израел - 80,6
3. Хонгконг - 78,7
4. Велика Британија - 78,3
5. Сингапур - 77,6
6. Костарика - 76,6
7. Швајцарија - 73,7
8. Австрија - 73,3
9. Ирска - 73,3
10. Германија - 73,3
11. Кипар - 72,7
12. Грција - 71,9
13. Црна Гора - 71,6
14. Италија - 71,4
15. Холандија - 70,0
16. Словенија - 69,6
17. Тајланд - 69,4
18. Белгија - 69,0
19. Данска - 67,3
20. Франција - 67,3