Речиси сите корисници на смартфони, батеријата ја полнат во текот на ноќта. Ставањето на мобилните телефони на полнач пред спиење стана ритуал речиси еднаков на миење на заби, но тоа не е ниту малку паметно.
Имено, полнењето на телефонот во текот на целата ноќ ја оштетува самата батерија, односно значително го скратува нејзиното траење.
Хатем Зеи, основач на компанијата Ossia, која се занимава со технологија на безжично полнење, вели дека ако мобилниот се полни во текот на целата ноќ, тоа значи дека тој поминува три до четири месеци годишно во полнење.
„Со оваа пракса, дури и ако произведувачите направат поквалитетна батерија, тоа секако ќе го намали нејзиниот капацитет со текот на времето“, вели Зеи.
Значи, телефонот треба да се полни се додека батеријата не достигне 100 отсто, а потоа потребно е веднаш да се отстрани од полнач.
Обидете се да стекнете навика вашиот телефон да го ставате на полнење еден час пред спиење, наместо тоа да го правите во текот на целата ноќ.
На овој начин, вашата батерија сигурно ќе трае многу подолго.
kajgana.com