Министерството за образование и наука (МОН) ќе ги откупи авторските права на сите учебници од прво, второ, четврто и петто одделение за да го постави нивниот електронски формат во дигиталната библиотека „е-учебници“ со цел учениците да можат да ги преземат истите на паметни телефони, таблети или компјутери, пишува Порталб.мк.
Учениците од прво и второ одделение досега немаа пристап до ниту еден електронски учебник бидејќи МОН немаше авторски права за истиот. Состојбата е речиси иста и за четврто и за петто одделение при што учениците имале пристап само до 6 електронски книги.
Продолжуваат процедурите за подобрување на учебниците и конкурсните постапки.
Целиот текст може да го прочитате на meta.mk