Градско Тобако Уникатна продавница за алкохол, вино и пури во Скопје чија приказна трае со години, се издвојува со својата препознатливост широкиот асортиман на ексклузивни производи одлични едукативни постови за пијалоците и пурите но и своето работно време 24 часа.
А како што велат и од Градско Тобако, изгледот и производите се телото но душата на компанијата се вработените.За тоа и при изборот на свои членови на тимот секогаш им ја гледаат енергијата на кандидатите, нивниот пристап, желбата за учење и напредување, но и насмевката со која им пристапуваат на клиентите. А од друга страна од компанијата добиваат редовни месечни примања секако и дополнителни бонуси за работа во трета смена, но и повисоки дневници за работа на празници, годишен регрес повисок од просечниот а добиваат и слободен ден за роденден.
И навистина кога ќе ја посетите продавницата ќе наидете на такви вработени. Со ентузијазам и детали ќе ви кажат кое вино, кој ликер да искомбинирата со која храна или десерт, а ако ви треба помош околу избор на пура исто се тука да ве насочат. Големиот избор на чоколади пак се вистинско задоволство, да не знаеш што да одбереш.А ако ви треба подарок за деловен партнер нема да згрешите ако отидете во Градско Тобако
Ова е она што ние го научивме при посетата на Градско Тобако а еве од прва рака како е да се работи во оваа компанија
Роберта е нејзиното име и таа веќе две години работи во Градско Тобако, ентузијазмот во нејзиниот глас срдечноста и насмевката која ја има доволно зборуваат за тоа дали е задоволна од своето работно место. Но ја прашавме во прво лице да ни каже како е да се бид едел од Градско Тобако.
- Веќе две години работам во Градско Тобако и мислам дека се’ уште имам многу за учење. Асортиманот на производи и преголем и постојано има нешто ново што да се дознае. Тобако располага со голем број ексклузивни вина, пијалоци и пури. Условите за работа се одлични. Атмосферата е опуштена. Работиме во три смени, флексибилни за менување. Тие што мислат Дали да аплицираат за работа, воопшто да не се мислат. Самата работа во тобако нуди многу.Ќе се запознаат со уникатни производи и ќе научат многу за истите.Постојана комуникација со клиенти е еден од главните делови од работата. Во текот на денот во Тобако циркулираат голем број на луѓе, тоа ја прави работата дополнително интересна. Ако го читаш ова, се надевам наскоро се гледаме во Градско Тобако , Роберта!
А во очекување на нов оглас на Градско Тобако уживаме во нивните уникатни артикли!