Шпанија набрзо може да биде првата земја од Западот која ќе дозволува жените да земаат неколку дена менстурално отсуство од работното место секој месец според предложените законски измени кои ќе се разгледуваат следната недела.
Предлогот вклучува најмалку три дена отсуство секој месец за жените кои се справуваат со посериозни болки за време на нивниот менструален период. Во текстот се наведува дека ова „медицински контролирано отсуство“ може да биде продолжено и до пет дена за жените кои при менструацијата се соочуваат со тешка болка, вртоглавица, зашеметеност и повраќање.
На светско ниво во моментов менструално отсуство е дозволено само во мал број земји, меѓу кои Јапонија, Тајван, Индонезија, Јужна Кореја и Замбија.
Според Шпанското друштво за гинекологија, околу третина од жените во менструален циклус се соочуваат со силни болки, познати како дисменореа. Симптомите вклучуваат болки во стомакот, дијареја, главоболки и температура.
Предлогот сепак не е апсолутно извесно дека ќе биде прифатен, бидејќи се соочува со одредени критики во Шпанија. Дури и во самата владина коалиција постои поделеност по ова прашање.
Предлог законот истовремено треба да го намали и ДДВ-то на хигиенски производи за жените, како и да обезбеди бесплатни менструални продукти во училиштата и едукативните центри.