Адвокатот на парот, Арвинд Кумар, изјавил дека сослушувањето во судот во северна Индија ќе се одржи на 17 мај.
Брачен пар од Индија решил да го тужи синот пилот кој се уште не планира да има бебе по шест години брак, а бараат и отштета, бидејќи целата своја заштеда ја потрошиле на синот. Индискиот пар бара од нивниот син и неговата сопруга, да добијат внук во рок од една година, или да им дадат пари. А сумата изнесува 650.000 долари.
Сањев и Садана Прасад велат дека ја потрошиле своите заштеди за да го одгледуваат и образуваат синот пилот и да организираат раскошна свадба.Надоместокот кои го бараат родителите на момчето ги вклучува трошоците за свадбен дочек во хотел со пет ѕвезди, луксузен автомобил вреден 80.000 долари и плаќање на меден месец за младенците во странство. Родителите издвоиле и 65.000 долари за нивниот син да се обучи за пилот во САД, а се вратил во Индија и бил невработен.