Идеја за бизнис: YouTube каналот може да биде одличен извор на пари
Освен за слушање музика, кратки видео клипови, тизери, па дури и филмови, YouTube може да се искористи и за заработка.
Тоа го увидел и Иван Станојевиќ, професор по англиски јазик, којшто одлучи своето знаење да го претвори во пари па дури и виртуелно. Тој направил канал на YouTube “Teacher Ivan“ преку кој држи лекции по англиски јазик.
YouTube може да биде одличен начин ако сакате да започнете бизнис бидејќи може да се заработотува од реклами. Преку него луѓето како мене можат да создадат свој бренд, да остварат нови контакти и слично, па затоа толку многу луѓе започнаа да се занимаваат со тоа. – вели Иван за порталот danas.rs.
Како да започнете?
Заработката на YouTube функционира преку реклами. На почеток може да ви биде комплицирано, но е многу едноставно – на пример, поедноставно е дури и од процедурата за отворање на фирма во Македонија.
За да почнете со работа на YouTube, најпрво треба да направите своја корисничка сметка, AdSense сметка и да отворите девизна сметка во банка. На YouTube каналот се поставуваат видео клипови, а AdSense служи за поставување на реклами на содржините за кои подоцна добивате пари.
За да бидете исплатени, потребно е на крајот на месецот да заработите барем 70 евра. Што се однесува до самата заработка, таа функционира на начин што компаниите гледаат кои видео клипови се посетувани и гледани и на нив одлучуваат да пласираат реклами. Тие плаќаат за одреден број на реклами, а сопственикот на видео клипот добива процент од секое прикажување и клик на рекламата која се прикажува на неговиот видео клип. YouTube зема само 20 отсто од вредноста на рекламата, а останатото ви припаѓа вам.