Денес нема кој да го наследи занаетот на овој мирен и тивок стружанец. Децата му се школувале, па одбрале професија која им носи далеку поголем приход.
Занаетчиството во Струга, традиција која се наследува од колено на колено, полека изумира. Најстариот занаетчија, 90-годишниот Јоне Кленко, некогаш познат како врвен мајстор за чевларство и кожна галантерија во струшката чаршија, денес жали за деновите кога се ценел и занаетот и квалитетот. Вели, за да се биде занаетчија, човек пред сè мора да биде чесен, но повеќе нема ни чесност ни квалитет.
„Остарев со оваа работа. Цел живот работам како чевлар. Започнав како мал со мојот татко кој во Франција научил да прави плетени сандали од кожа, па потоа во Белград работел како чевлар и правел само женски сандали. Во 1938 година нè зеде и нас, а пред војната избегавме и се вративме во Струга. Работевме заедно, беше тешко на почетокот оти чевларот требаше да набаво кожа, ѓон и се што треба па да вади мустра а најважно беше занаетчијата како чевлар да биде чесен оти ако не беше немаше да има муштерии. Денеска чесноста се изгуби“, раскажува Кленко.
Целиот текст за чесниот и вреден Кленко, прочитајте го на sdk.mk