Во Германија инфлацијата е на високо ниво, па домаќинствата се борат против скапиот бензин, дизелот, струјата и зголемените животни трошоци.
Погодени се и угостителските објекти. Храната и пијалокот се поскапи од било кога. Сопствениците на ресторани и барови треба да ги префрлат на гостите растечките трошоци за струја, парно и вработените. Меѓутоа, наместо да ги зголемат цените на храната, виното или пијалоците, сопствениците на ресторани одат чекор понатаму. Ја намалуваат големината на порциите и служат помали количини пиво и вино.
Во се повеќе кафулиња гостите треба да одлучат дали да пијат топол пијалок со млеко или шеќер. Чајот и кафето, засладени со малку млеко, понекогаш се поскапи и до 30 центи. И во рестораните угостителите бараат од гостите да платат доколку нарачаат, на пример, кечап или мајонез со компири.
Доплатите се движат од 50 центи до дури едно евро.