Последните години многу граѓани ја гледаат Германија како ветена земја, сакаат да се преселат, да живеат и работат таму, но многумина не го говорат германскиот јазик.
За да пронајдете добра работа во Германија клучно е и познавањето на јазикот. Оние кои не го говорат германскиот јазик, најчесто работат физичка работа каде имаат повеќе нивоа на хиерархија над нив, и заработуваат помалку.
Луѓето кои не знаат јазик, работат како градежници, местат бини за концери или чистат и заработуваат по 9 евра на час, додека оние кои го знаат јазикот, и се на повисоки работни позиции, земаат минимум 15 евра за работен час. Со добро познавање на јазик се вработуваат во банки, болници, домови за стари лица. Луѓето кои имаат по 35-40 години се трудат да го научат јазикот.
Според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС), во 2020 година во Германија се иселиле 251 македонски граѓанин, но се смета дека на работа во оваа земја одат по неколку илјади работници годишно.
Институтот за германска економија неодамна објави дека Германија има потреба од квалификувана работна сила. Само во секторите за здравство, социјална заштита и образование, шест од десет работни места не се пополнети поради недостиг на соодветна работна сила. Во март, бројот на непополнети работни места за кои работодавачите не можат да најдат соодветна работна сила се зголеми за дополнителни 88.000 и сега изнесува рекордни 558.000.
извор: faktor.mk