„Односот на работодавачите е исклучително пријателски, фер и коректен...Што понекогаш имаш чувство дека сте колеги со нив. Што сите сме свесни дека денеска е реткост, дури можеби и да не постои во други компании...„
Неговото име е Никола Перишиќ (35) кој после 14 години работа во угостителство се одлучил на промена и се вработил во Градско Тобако,Уникатна продавница за алкохол, вино и пури во Скопје. Вели дека ваквото искуство му е прво но сепак постојат допирни точки со неговото претходно искуство-, а тоа е продажба и работа со луѓе.
-Низ сите тие години стекнав големо искуство како во работа со луѓе, така и собрав огромен број на информации за најчесто алкохолните пијалоци, кој се инаку во нашето тобако примарен производ за продажба.Така што сега со задоволство сето тоа искуство го пренесувам, како на купувачите така и на помладите колеги.
А еден од производите кој го издвојува е Вискито и пурите кои ги консумирал претседателот на СФРЈ Јосип Броз Тито:
- Ги имаме тој бренд на виски и пура кои највеќе ги конзумирал и уживал некогаш Јосип Броз Тито.Така што можеби не можеме да бидеме како него, но за момент можеме да го почуствуваме и да поуживаме во вкусот на вискито и пурата како и тој- додава со насмевка Никола.
По оваа изјава несомнено е дека Никола и те како ужива во работата но сепак прашавме што е она што ја прави работата во Градско Тобако интересна.
-Секоја работа е привлечна и интересна доколку го работиш тоа што го сакаш.
Оваа работа конкретно ја прави интересна и привлечна тоа што не е монотона, бидејќи работата во тобако не е само да седиш на столчето и наплаќаш. Напротив, работиш со секаков тип на луѓе, што од тебе како продавач очекуваат совет, проверена информација за одреден производ кој се заинтересирани да го купат, и секако љубазност што е алфа и омега во оваа работа. Тоа е во суштина предизвикот во оваа работа, на крај кога ќе видиш дека купувачот е задоволен од твојата препорака и љубезност, со самото тоа си даваш до знаење дека добро си ја завршил работата.
Никола вели се пријавил да работи во Градско Тобако бидејќи работодавачот бил на добар глас, но кога дошол во компанијата уште повеќе се изненадил-позитивно
-Конкретно нешто што ме привлече за работа во оваа компанија е добриот збор што се слуша за работодавачите, а знаеме дека добриот збор надалеку се слуша.Но од кога се вработив видов дека е уште подобро од тоа што сум слушнал предходно.
Т.е. да појаснам...Односот на работодавачите е исклучително пријателски, фер и коректен...Што понекогаш имаш чувство дека сте колеги со нив. Што сите сме свесни дека денеска тоа е реткост, дури можеби и да не постои во други компании...
Што да кажам друго освен дека едноставно имав среќа.-завршува со насмевка Никола
На крајот го замоливме за препорака но и совет, кој се може да ја работи оваа работа, дали во оваа работа можат да се пронајдат и семејни луѓе?
-Да секако дека може било кој да ја работи оваа работа доколку го исполнува како што реков предходно, работата со луѓе.
Јас сум релативно млад но и семеен човек, така што нема тука никаква граница во ни еден поглед.
Било која работа кога ја работиш пред се чесно, посветено, коректно и со љубов...Успехот во кариерата ќе ви е загарантиран, а со самото тоа и вие ќе бидете исполнети.
Прочитајте ја и приказната на Роберта колешката на Никола