
Градот Скопје ги известува граѓаните дека претстојниов викенд, односно на 21.05.2022 (сабота) и на 22.05.2022 (недела), во раните утрински часови ќе се врши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје.
Ова е трето прскање, второто се изврши во периодот од 17.05 до 20.05.2022 година , а првото на 29.04.2022 година, со што навреме почна овој процес.