Периодов актуелна е цената на маслото за јадење и растот на цената за истото. Ако е за утеха, и во минатото луѓето се соочувале со вакви и слични проблеми.
Оние кои паметат, се сеќаваат дека во осумдесетите години во СФРЈ имаше недостаток на масло за јадење, прашок за перење, кафе, бензин и други животни намирници.
За да се спречат малверзации, државата печатеше бонови со кои можеа да се купат ови намирници.
Еве како изгледал бонот за МАСЛО ЗА ЈАДЕЊЕ од 1 литар, издаден од Mесна заедница Скопје, со печат од М.З. Драчево, 1983 година.
извор: skopjeinfo.mk