Во рамките на аеродромот Швехат во Виена е отворена најголемата соларна централа во Австрија.
Поставени се 55.000 соларни панели на површина од 24 хектари, кои ќе произведуваат повеќе од 30 милиони киловат часови електрична енергија годишно. Со ова ќе бидат покриени потребите на 250 компании лоцирани во рамките на аеродромот, како и една третина од годишната потрошувачка на електрична енергија на самиот аеродром.
Следен чекор е изградба на седум хектари соларни панели со кои производството на електрична енергија ќе ја надмине потрошувачката. Заедно со седум постоечки капацитети, аеродромот следната година ќе достигне јаглеродна неутралност.
„Сепак, аеродромот е само мал дел од воздушниот сообраќај. Потребни ни се и понови авиони кои користат помалку керозин, поефикасни летови и керозин што е јаглеродно неутрален“, објаснува Џулијан Јегер, член на одборот на директори на аеродромот.
Заштитата на климата во Виена, која има за цел климатска неутралност до 2040 година, е еден од приоритетите.
„Градот со години инвестира во обновливи извори на енергија, а соларната енергија игра значајна улога улога во тоа. Виена планира масовно да го прошири производството на електрична енергија преку соларни панели – изјави градоначалникот Михаел Лудвиг.