Една жена која посетила болница во САД добила сметка за „емоционална процена и процена на однесувањето“ само затоа што заплакала во текот на прегледот.
Јутјуберката Камил Џонсон од Њујорк открила дека нејзината сестра боледува од ретка болест и дека се бори да пронајде соодветна нега.
Во текот на неодамнешната посета на болница, таа кажала дека нејзината сестра ја „преплавиле емоции бидејќи се чувствувала фрустрирано и беспомошно“.
„За една солза и ѝ наплатиле 40 долари без прашање зошто плаче, без обид за помош, било каква процена или препишување на некаков лек - ништо“, вели Џонсон.
Во текстот на Твитер кој ги открива замките на американскиот здравствен систем, таа напишала: „Повеќе ѝ наплатиле за плачење отколку за тест за процена на видот. Повеќе ѝ наплатиле за плачење отколку за тест за хемоглобин. Повеќе ѝ наплатиле за плачење отколку за вадење на капиларна крв“.
За сите други тестови, сестрата на Камила добила сметка помеѓу 15 и 30 долари, како што е прикажано на фотографијата.
Корисниците на Твитер биле шокирани од она што го прочитале, а многумина истакнале дека токму поради ваквите случаи луѓето не бараат медицинска помош.
My little sister has been really struggling with a health condition lately and finally got to see a doctor. They charged her $40 for crying. pic.twitter.com/fbvOWDzBQM
— Camille Johnson (@OffbeatLook) May 17, 2022