Измените и дополнувањата на Законот за трговија се однесуваат на одредбите во однос на недела неработен ден, со што ќе се дозволи да се работи и во недела во туристичките места, вклучувајќи ги Охрид и Струга, и во трговија на мало и на големо. Се очекува најкасно за две недели да почне примената на новото, изменето законско решение.
Целта е сите стопанствениците да имаат поголема можност во делот на зголемување на економската активност.
Кога зборуваме за туристичките места, тоа ќе важи за целата година и ќе се одреди согласно одредбите кои веќе ги има во Законот и согласно Законот за туристичка дејност.
Кога беше донесено ова законско решение, во инклузивен процес и тогаш беше најавено дека во туристичките места ќе се дозволи работа и во недела имајќи предвид дека токму викенди има повеќе туристи во овие дестнации.
Што се однесува за шопинг моловите, посебно во Скопје и во други градови, сите тие работници кои ќе работат во недела, согласно ова ззконско решение, ќе добијат дневници зголемени 100 проценти. Тоа ќе важи за сите тие што ќе одлучат да ги отворат нивните продавници во недела и во Охрид и во Струга и во другите туристички места. Сите работници кои ќе сакаат да работат и во недела, ќе добијат дневници поголеми за 100 посто, а тие што се одредуваат согласно Законот за работни односи ќе добиваат 20 проценти.