На врвот на ридот, среде ветровит пат, се наоѓа мало, живописно село. Во тоа село има плоштад, на плоштадот има стара камена куќа, а во куќата живее принцеза. Иако ова звучи како бајка што ќе им ја раскажете на децата пред спиење, ова е почеток на вистинска приказна за гратчето Себорга во северозападна Италија.
На жителите на ова село им е јасно: Себорга не е дел од Италија. Иако се наоѓа во Лигурија, познат италијански регион во близина на француската граница, тие тврдат дека Себорга е главен град на целосно независна нација - со знаме, валута, химна и владетел.
Имаат свој пасош, а на локалните продавници можете да видите табли кои прифаќаат Seborgan Liguino, нивната валута, а на регистарските таблички можете да го видите државниот грб што тие гордо го истакнуваат.
Жителите велат дека има многу физички докази и документи дека Себорга никогаш официјално не била анектирана од Италија и дека нивниот сегашен географски статус всушност е резултат на историски грешки.
Ја реновирале куќата и станале Принц и Принцеза
Принцезата Нина и принцот Марчело не се родени како жители на тоа мало гратче. Нина е родена во Германија, а во Себорга, со сопругот Марчело, дошла од Монако. Нашле стара куќа и ја реновирале. Тоа многу им се допаднало на жителите, па му предложиле на принцот да се кандидира на изборите за следен градоначалник. Марчело абдицира во 2019 година, а Нина потоа ја презеде неговата функција.
Земја со рурални обичаи
Ова неверојатно село живее од земјоделство и цвеќиња. Во последно време почна да се развива и туризмот, бидејќи луѓето се многу љубопитни за начинот на живот и интересната историја, па се почесто доаѓаат да видат од прва рака како изгледа Себорга.
Заедништвото е една од главните причини зошто традицијата на Себорга сè уште живее.
Можете ли да замислите свет во кој политичарите волонтираат?
Неверојатен факт е дека врховните лидери на Себорга се, всушност, волонтери кои не очекуваат финансиска потврда дека добро си ја вршат работата. Со сите можни напори се обидуваат да се истакнат во меѓународната заедница како независна држава која вистински се грижи за своето население, но безуспешно.