
Белгиските шофери се најнервозни и најопасни во Европа, според студија на фондацијата Винчи, јави дописничката на МИА од Брисел.
Анализирани се единаесет европски земји, Белгија е на врв на списокот кога станува збор за смиреност зад воланот. Според фондацијата Винчи, белгиските шофери се однесуваат опасно и несоодветно кога возат, а покажуваат и најголем степен на стрес.
Една петина од белгиските шофери признава дека се паркираат на велосипедски патеки.
Лошата организација на патиштата и постојаниот метеж во големите белгиски градови се меѓу објаснувањата за овие однесувања на шоферите, посебно Брисел и Антверпен. Што се однесува до свирењето на патиштата, само грчките и шпанските возачи бележат полоши резултати од Белгијците.