Строгите европски прописи односно „Euro7“ стандардот, директно влијаат на цените на новите возила
Европската Унија зададе високи климатски цели, но прашање е како тоа ќе влијае на животите на луѓето со просечни примања во новите околности кои ги донесе војната во Украина, рецесијата и економската неизвесност.
За тоа на конференцијата „ChangeNOW“ зборувал генералниот директор на компанијата „Renault“, Лука де Мео. Тој јасно ставил до знаење дека строгите европски регулативи директно влијаат на цените на автомобилите, особено на цените на возила за кои се заинтересирани повеќето европски купувачи - мали градски и компактни автомобили.
„Пресметавме што „Euro7“ би значел за нашето портфолио на модели според моментално познатите планови. Производството на автомобили во просек би чинело 1.000 евра повеќе, а во групацијата „Renault“ би имале трошоци од околу милијарда евра. Поради тоа просечното возило треба да поскапи за 1.000 евра за 3 до 4 грама намалување на емисиите на CO2“, вели Лука де Мео.
Целиот текст е на supermen.tocka.com.mk