„Internet Explorer“ не беше првиот прелистувач. Пред него се појавија „TheWorldWideWeb“, „Lynx“ и „Mosaic“ и секој од нив го заслужува своето почесно место во историјата на Интернетот.
Сепак, „Internet Explorer“ беше првиот пребарувач за огромното мнозинство на корисници кои го открија Интернетот во неговата средна возраст. Заради тоа „IE“ е лицето на она што беше интернетот и искрено ни е жал што си заминува.
Дефинитивен крај
За многумина, а бевме малку изненадени, малку е неверојатно што во овој момент „Internet Explorer“ сè уште ја има активната поддршка од „Microsoft“. Сепак, на сето тоа ќе му дојде крајот на 15-ти јуни годинава, кога целосно ќе престане поддршката за овој прелистувач и полека ќе се пресели на гробиштата на застарениот софтвер.
Во никој случај посебен, по многу нешта лош, но подеднакво препознатлив и важен за севкупниот развој и на интернетот и на денешните популарни пребарувачи, слободно можеме да кажеме дека ова е заминување на една легенда.
Душата е вечна
Иако повеќе нема да постои како самостоен прелистувач, „Internet Explorer“, барем режимот за неговиот визуелен изглед, ќе остане дел од прелистувачот „Edge“. Значи, ако ве привлекува носталгија и сакате повторно да ја доживеете визуелната сензација од пребарувањето на Интернет на крајот на милениумот, ќе можете да го направите тоа со помош на „Edge“.
Сè што треба да направите е да отидете до поставките за „стандарден прелистувач“ во прелистувачот „Edge“ и да дозволите сајтовите да работат во режим на „Internet Explorer“. После тоа, патувањето до патеките од минатото може да започне онолку колку што сака вашата душа. Па, барем така заслужува „Internet Explorer“.