Венеција го одложува воведувањето на туристичката такса за дневните посетители до почетокот на 2023 година.
Имаше најави дека влезот на посетителите ќе им се наплаќа од јуни оваа година, а градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро, во април изјави дека тоа е вистинскиот потег, пишува TravelDaily.
Како што тогаш изјави – тоа е вистинскиот начин да се избегнат гужвите во градот и да се води усогласен туризам.
„Ќе бидеме првите во светот што ќе го спроведеме овој тежок експеримент“, додаде Бруњаро по тој повод.
Сепак, Градскиот совет на Венеција објави дека апликацијата за резервации и системот за онлајн плаќање ќе почнат да работат во јануари 2023 година.