Заштита на животната средина и борбата против климатските промени и загадувањето на воздухот во градовите во Македонија се спроведува, ама теоретски. Во пракса, податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека како никогаш досега во минатото, бројот на македонски домаќинства кои поседуваат патнички автомобил лани се искачил на 66,8 отсто.
Спроведеното истражување на статистичарите покажува дека бројката на домаќинства кои поседуваат автомобил се зголемила за 2,6 отсто во споредба со 2020 година, како и за огромни 15,3 отсто во однос на процентот на домаќинства кои поседувале автомобили пред една деценија, во 2011 година.
Растечката стапка на моторизација кај населението во земјава е присутна кај сите сектори. Па така, 78,4 отсто од земјоделските домаќинства во Македонија пријавиле дека во 2021 година поседувале автомобил, а идентичен одговор дале и 63,9 отсто од неземјоделските домаќинства, како и 87,8 отсто од мешовитите домаќинства.
Целата содржина прочитајте ја на meta.mk