Годинава градинарите имаат право на субвенции по повеќе основи. Финансиска поддршка следува за производството на отворено, за производството во пластеници и во оранжерии, како и за предадениот зеленчук во домашните преработувачки капацитети. Пријавувањето е до 30 јуни...
Градинарите кои произведуваат зеленчук на отворено и во пластеници на најмалку 0,2 хектари вкупно за сите култури што ги одгледуваат имаат право на финансиска поддршка.
За доматите, краставица, пиперки, компир, зелка, брокула, цвекло, карфиол, морков и тиквички субвенцијата е 30.000 денари по хектар, а 36.000 за површини од 1 до 5 хектари.
За лубеници, дињи и тикви се планирани по 6.000 денари или 600 денари повеќе доколку имаат површини од 1,5 до 5 хектари.
Висината на директната финансиска поддршка за грав, боранија, грашок, спанаќ и за ароматични и зачински растенија е 10.000, односно 12.000 денари за површини до 5 хектари.
Висината на поддршката за пиперки, домати и краставици од 120.000 денари по хектар е за производството во контролирани услови продадено на домашен пазар или извезено во странство во периодот од 1 јануари до 15 мај 2022 година.
За зеленчукот предаден во конзервната индустрија од 26 декември 2021 до 25 декември 2022 година, се добива по 3 денари за килограм.
извор: mrt.com.mk