
Европската комисија соопшти дека Хрватска е подготвена да го воведе еврото од 1 јануари 2023 година и со тоа да стане 20-та земја членка на еврозоната.
Комисијата оцени дека Хрватска исполнува четири номинални критериуми за конвергенција и дека нејзиното законодавство е целосно компатибилно со барањата на Договорот и Статутот на Европскиот систем на централни банки.