Вработени од Управата за водење на матични книги денеска протестираат пред зградата на „Нова Македонија“ каде се наоѓа седиштето на Управата. Блокирана е крстосницата на булеварот „Св. Климент Охридски“.
Штрајкот во Управата за водење на матични книги трае веќе пет недели. Синдикатот успеа со раководството на Управата да ги усогласи во најголем дел ставовите околу новиот колективен договор кој треба да се потпише на ниво на работодавач. Со колективниот договор усогласена е исплатата на К-15 во висина од 50 проценти од просечната плата, исплата на работа во сабота и јубилејните награди. Останува барањето на синдикатот за зголемување на платите за 30 проценти.
извор: skopjeinfo.mk