Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и денеска повторно ќе носи нова одлука за цената на горивата. Како што велат од РКЕ, исполнети се предусловите за тоа.
Со последните измени на Правилникот за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати, РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на нафтените деривати доколку пресметката за цената на кој било нафтен дериват оди нагоре или надолу за два денари.
Со вчерашното зголемување на цените на горивата, Еуросупер БС-95 поскапи за три, а останатите горива за 2,5 денари за литар. Литар Еуросупер БС-95 денеска чини 107 денари, Еуросупер БС-98 се продава по цена од 109 денари. Цената на дизелот е 97,5 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство 95,5 денари за литар.
извор: press24.mk