Со рационално користење на апаратите за домаќинство можеме значително да заштедиме електрична енергија и да ја намалиме потрошувачката
Апарати кои најмногу трошат струја се фрижидерот, бојлерот, рерната, машината за перење, но во топлите летни денови многу струја трошат и клима уредите. Не треба да ги занемариме оние помали уреди и работи кои сите ги имаме во домот, како што се: сијалиците, полначите и многу други „ситници“ кои со порационална употреба можат да направат значителна разлика во потрошувачката. Има многу тактики, но сите се однесуваат на порационална употреба.
Електричарот Бранко објасни дека најдобро е термостатот на бојлерот да се вклучи на телесна температура, пишува Мондо.
„Поентата е кога се капете да не ја разладувате водата. Треба само да се загрее до температура што телото може да ја издржи. Ставете го термостатот на единица кога ќе ви снема топла вода и почекајте да се изгасне светлото. Пуштете вода, ако е млака, почекајте да се дозагрее, ако не - веќе имате загреана вода на 40-45 степени. Тоа е доволно топла вода за капење и да не се формира бигор“, вели тој.
Според него, вообичаено е луѓето да го вклучуваат бојлерот цела ноќ.
„Многу луѓе го вклучуваат навечер и грешат. На тој начин ја загреваат водата на 82 степени и таа се загрева за еден час, а веќе следниот ден - температурата не е иста. Непотребно сте ја загреале водата за +20 степени целзиусови. Суштината на овој метод е да загреете доволно количество вода што ви е потребно за капење, а веќе за половина час после вас тоа може да го направи и некој друг. На овој начин можете да заштедите околу 500 денари месечно, гарантирано. И како дополнителен бенефит, нема да создавате бигор во болјерот. Нема да мора да го чистите најмалку десет години“, вели тој и додава:
Задолжително исклучете го бојлерот кога одите да се капете. Суштината е дека за сигурност „пробиваат“ греалките, а ако заземјувањето не е добро може да има пробив и да бидете изложени на струен удар. Секако дека е полесно само да го исклучите пред да влезете и во овие услови безбедно ќе се капете “, заклучи тој.