Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници(„Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 109/2018
за вработување на 3 јавни службеници од група I, подгрупа II во Јавно претпријатие за јавни паркиралишта Паркинзи на Општина Центар Скопје за следните работни места
Советник за општи работи, Одделение за општи работи, Сектор за општи, правни работи и човечки ресурси
Самостоeн референт за корисници, Одделение за односи со корисници, Сектор за контрола на корисници