Собранието да ги повлече предложените измени за Законот за работни односи за недела да е работен ден во туристичките места бараат од Сојузот на синдикати на Македонија.
Претседателот на ССМ информира дека работниците пријавиле загриженост за најавата дека недела треба да биде работен ден во туристичките места, притоа не прецизирајќи кои се места ќе бидат опфатени.
Од друга страна охридските дуќанџии го поздравија предлогот за туристичките центри да бидат изземени од мерката недела неработен ден со тоа што тие на работниците ќе им исплатат дневница во висина од 100 проценти за работа во недела.
Досега велат од ваквата мерка претрпеле огромни штети бидејќи најголем промет се прави токму за викендите.
Од ССМ упатуваат апел до работодавачите и газдите посебно во туристичките места да го прочитаат Законот за трогвија, кој им овозможува да работат и самите сопственици на дуќани во недела. Кога ќе отидат на годишен одмор со своите фамилии, посочија дека работниците ќе им излезат во пресрет и ќе работат две недели, ќе го испочитуваат Законот за работни односи да имаат непрекинат одмор од 14 дена.