
Претходната недела имало драстично покачување на цените на основните и неосновните продукти за јадење и пиење. До ова сознание дошле од Ценометар.мк, кои објавија седум продукти со најголемо покачување на цените, меѓу нив на првата позиција е маслото за јадење на седмата пивото.
1. Масло за јадење: 20 – 25 денари!
2. Шеќер: 5 – 8 денари
3. Брашно: 6 – 9 денари
4. Млеко: 6 – 9 денари
5. Ориз: 5 – 7 денари
6. Грав: 5 – 10 денари
7. Пиво: 5 -10 денари
Но покачување на цените имало и кај поголем број неосновни производи, за што од Ценометар.мк забележуваат дека тоа било константна појава.