Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2018 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 17/2018 и 130/2018), Министерството за економија објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за субвенционирање на претпријатија за сертифицирање на ХАЛАЛ систем
1. Предмет на јавниот повик е субвенционирање на претпријатија за сертифицирање на ХАЛАЛ систем, преку кофинансирање на 70% од докажаните трошоци направени за оваа намена, но не повеќе од 200.000 денари поединечно за секој деловен субјект – барател на средствата.
Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2018 година дел II, А. Поддршка и развој на мали и средни претпријатија, мерка 5 - Финансиска поддршка за сертифицирање на ХАЛАЛ систем („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/2018 и 130/2018) предвидени се средства во вкупен износ од 2.200.000 денари.
2. Право на учество на јавниот повик имаат сите активни претпријатија кои ги исполнуваат следните услови:
- Работење во траење од најмалку шест месеци пред објавувањето на јавниот повик (упис во трговскиот регистар);
- Имаат деловно седиште на територијата на Република Македонија;
- Намирени обврски кон државата и вработените.
Овие субвенции не се наменети за :
- Претпријатија над кои е покрената стечајна постапка или ликвидација.
- Претпријатија кои биле субвенционирани за воведување и сертифицирање на ХАЛАЛ систем во 2016 и 2017 година.
Доколку претпријатието кое аплицира за субвенционирање на трошоци по основ на оваа мерка престане со вршење на дејност пред истекот на 1 година од датумот на добивање на средствата (освен во случај на смрт или трајна неспособност), во тој случај основачот на фирмата има обврска да врати 80% од доделените финансиски средства по основ на предвидените намени во период од 12 месеци.
По истекот на 1 година од датумот на добивање на средствата Министерството за економија преку Централниот Регистар на Република Македонија ќе провери дали претпријатието кое било субвенционирано во 2018 година е сеуште активно. Доколку се утврди дека претпријатијето престанало со вршење на дејност Министерството за економија ќе поведе постапка за враќање на средствата.
3. Потребни документи за пријавување:
- Пополнет Образец „ Барање – ХАЛАЛ 2018 “ ( може да се подигне од архивата или од веб страната на Министерството за економија www.economy.gov.mk.)
- Пополнет Образец „Изјава – Државна помош 2018“, заверена на нотар (Изјавата од барателот за доделена државна помош, може да се подигне од архивата или од веб страната на Министерството зa економија www.economy.gov.mk );
- Тековна состојба од Централен регистар на Република Македонија не постара од 2 (два) месеци;
- Уверение за платени даноци и придонеси од Управата за јавни приходи на Република Македонија, не постаро од 2 (два ) месеци;
- Договор за сертификација на ХАЛАЛ систем помеѓу барателот и Агенцијата за Халал Стандард во Македонија, склучен во текот на 2017 или 2018 година (датумот на Договорот да е пред датумот на издадениот сертификат), заверен на нотар;
- Сертификат за ХАЛАЛ систем од Агенцијата за Халал Стандард во Македонија, издаден во текот на 2017 или 2018 година.
- Фактура за направени трошоци за сертифицирање на ХАЛАЛ систем од Агенцијата за Халал Стандард во Македонија;
- Извод од банка од кој се гледа дека апликантот целосно ги подмирил обврските за направените трошоци по приложените фактури;
- Уплатница на износ од 250,00 денари ( Цел на дознака: Уплата на административна такса, Назив и седиште на примач: Приходи на органи на управа, Банка на примач: Народна банка на Република Македонија, Трезорска сметка: 100000000063095, Уплатна сметка: 840 _______ (во зависност од општината) 06116, Приходна шифра и програма: 725930 00 ) и
- Уплатница на износ од 50,00 денари ( Цел на дознака: Уплата на административна такса, Назив и седиште на примач: Трезорска сметка, Банка на примач: Народна банка на Република Македонија, Трезорска сметка: 100000000063095, Уплатна сметка: 840________ (во зависност од општината) 03161, Приходна шифра и програма: 722313 00 ).
Горенаведената документација се доставува во оригинал или копии.
Доколку документацијата се доставува во копија, веродостојноста на секоја страница ја потврдува подносителот на барањето со свој потпис и печат.
Барањата за субвенционирање ќе ги разгледува Комисија формирана од министерот за економија. Изборот на апликантите кои ги исполнуваат условите утврдени во Јавниот повик, ќе се прави запазувајќи го принципот “прв дојден, прв услужен“, односно по редослед на поднесување на апликацијата, до исцрпување на расположивите средства.
Доколку поднесеното барање е некомплетно, Комисијата писмено ќе се обрати до апликантот и ќе определи рок за дополнување на барањето за субвенционирање.
Со цел запазување на принципот “ прв дојден, прв услужен “, за барањата со некомплетна документација, како датум на поднесување на барањето ќе се смета датумот на последното дополнување на барањето, односно датумот кога барањето за субвенционирање ќе биде целосно комплетирано.
Еден апликант може да користи субвенции само еднаш по овој Јавен повик.
По исцрпувањето на расположивите средства Министерството за економија ќе објави Известување на www.economy.gov.mk и на www.konkurentnost.mk.
Јавниот повик е објавен на веб страницата на Mинистеството за економија www.economy.gov.mk и на порталот www.konkurentnost.mk.
Барањата со комплетна документација се доставуваат во Архивата на Министерството за економија, ул. “Јуриј Гагарин” 15, Скопје, до 01.10.2018 година.
тел: (02) 3093 431; 3093 508; 3093 445 www.economy.gov.mk