Република Србија донесе одлука за отворање на конзулат во Охрид, а за почесен конзул поставен е Михајло Филев, јави дописникот на МИА од Белград.
Како што е објавено во Службениот гласник на Србија, српскиот конзулат во нашата држава ќе ги опфаќа со работа следните општини: Охрид, Струга, Вевчани, Дебарца, Кичево, Дебар и Центар Жупа.