Годинава за прв пат се воведува ваква дигитална услуга за електронско аплицирање, иако учениците имаат обврска, на увид да ги достават и хартиените документи на 16 и на 17 јуни. Наставниците изминативе денови брзаа да ги внесат оцените во е-дневникот за да можат потоа да ги пополнат и свидетелствата, но наидуваа на потешкотии затоа што системот беше оптоварен.
Пријавувањето на учениците ќе се врши преку линк https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk. Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 16 јуни на www.mon.gov.mk и на https://e-uslugi.mon.gov.mk најдоцна до 09 часот. Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 16 јуни од 12 до 19 часот и на 17 јуни од 7 до 19 часот.
Целата содржина прочитајте ја на meta.mk