Jавниот превоз ќе сообраќа по летен возен ред, а ученичките бесплатни билети нема да важат за време на летниот распуст.
Бесплатните билети на учениците од основните училишта повеќе не важат, додека на средношколците ќе важат до 20 јуни.
Основците/средношколците (не важи за средношколците кои сега завршуваат четврта година) по повластени цени можат да купат месечен билет за јули или август по цена од 600 денари (за еден месец), информираат од ЈСП.
За купување т.н. сезонски билет за ученици, неопходно е лицето да приложи потврда дека е ученик и да достави ученичка книшка на увид.
извор: skopjeinfo.mk