Иако од вчера беа намалени маржите, цените на основните прехранбени производи не се спуштија. Според изјави на граѓани од телевизиски анкети, тие и денеска купувале по исти високи цени, велат од Фактор.
Според нив, само мал дел од маркетите ги спуштиле цените на лебот, шеќерот и јајцата за денар, два или максимум до три. Маслото за јадење, брашното и макароните се продаваат по стари цени.
Министерот за економија вели дека од денеска ќе има позначајно намалување. Според него, одлуката за замрзнување на маржите на 5 и 10 отсто кај основните прехранбени производи вчера била објавена во Службен весник, а дистрибутерите попладнето требало да ги достават производите со пониски цени. Тој нагласи дека енормните маржи од 70 отсто кај дел од продуктите биле нереални, затоа што влезните, оперативни трошоци не им биле зголемени.
Одлуката за замрзнување на маржите ќе трае да септември.
извор: faktor.mk