На 20 и 21 јуни (понеделник и вторник) во официјална посета на Македонија ќе пристигне премиерката на Финска, Сана Марин.
Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициски службеници.