Властите на идиличниот грчки остров Санторини одлучија да ги заштитат мазгите и магарињата кои по пеколните жештини пренесуваат туристи по стрмните островски надолнини. На одлуката и претходеше конфликт помеѓу активистите за заштита на правата на животните и сопствениците на животните, објави Хина. На состанокот на градските власти во Санторини и активистите и сопствениците на добитокот било договорено „почитување на правата и општите добра“ на симпатичните животни.
Откако на социјалните мрежи се појави снимка на која еден сопственик го тепа своето магаре, во беше организиран протест кој заврши со метеж а кога се смирија страстите, властите објавија низа заштитни мерки во корист на магарињата.
Во иднина, на животните ќе мора да им се обезбеди доволно храна и вода, како и одмор во ладовина и сенка. Исто така, ќе бидат ограничени и работните часови на магарињата, како и носивоста на товар над која не ќе смеат да бидат товарани,а сопствениците на добитокот кои нема да ги почитуваат овие одредби ќе бидат казнувани. Санторини, островот кој се издигнува во вулкански кратер стотина метри над морето е познат по своите бели куќарки, последниве години тешко се носи со навалицата на туристи.
Властите, поради тоа, воведоа ограничување на бројот на крузери кои можат да се вкотват таму и бројот на гости на островот.
извор: vecer.press