Дури 414.000 побарувања на брзи кредити имало во 2021, според извештајот на Македонскоот кредитно биро за минатата година, што покажува дека побарувачката кај граѓаните за овие заеми со повисоки каматни стапки и пократок рок на враќање е енормно зголемена.
Интересот за брзи кредити е уште поголем, велат од Македонско кредитно биро за Фактор, затоа што не сите од 30-тината финансиски друштва колку што ги има во земјата се корисници на нивните услуги.
- Најголемата причина за зголемениот интерес е тоа што намалената активност поради Ковид 19 во 2020 се надомести во 2021, но и бројот на финансиски друштва се зголеми, иако сите од нив не се наши членки. Инаку бројката од 414.000 издадени извштаи не кореспондира со тоа колкав број на брзи кредити се одобрени, затоа што за едно лице може истовремено да побараат извештаи пет финансиски друштва, велат од МКБ.
Како споредба, зголемувањето на бројката на проверки на лицата што бараат кредити кај банките е постабилна. Таму имало 569.127 проверки на кредитобаратели лани. Од финансиските друштва кои ги контактираше Фактор, велат дека не станува збор за криза кај граѓаните, туку дека во прашање е зголемување на понудата.
извор: faktor.mk